Чави е мајстор за типување

Репрезентацијата на Катар за прв пат во својата историја стана азиски шампион. Катар во финалето со 3:1 ја победи фаворизираната Јапонија и се искачи на тронот. За многумина ова е изненадување, но не и за некогашниот шпански репрезентативец Чави Ернандес.

Еден од најдобрите играчи во средниот ред, веруваше дека Катар ќе ја победи Јапонија, но тоа не беше неговата точна прогноза на Азискиот куп. Тој успеа да погоди дури седум од осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето, а потоа и три од четирите полуфиналисти, што навистина е неверојатно.

Чави едноставно се покажа како експерт за азискиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести