Чави е разочаран: Разликата меѓу нас и Баерн Минхен е тоа што тие не простуваат пред гол

Барселона загуби од Баерн Минхен со 2:0 во дербито од вчерашните средби од Лигата на шампионите.

Каталонците иако имаа неколку фантастични шанси, особено во првото полувреме, на крајот заминаа со наведната глава од „Алијанц арената“.

Разликата меѓу нас и Баерн Минхен е тоа што тие не простуваат кога ќе дојдат пред гол. Резултатот не е одлика на тоа како игравме и колку шанси имавме.

Ова е Лига на шампиони, ако не казнуваш, тогаш ќе бидеш казнет“, изјави Чави.

Барса по две одиграни кола во групата Ц има три бода, исто колку и Интер со кого ќе се сретне во наредното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести