Чави го продолжи договорот со Ал Сад, нема да биде наследник на Куман во Барса

Роналд Куман веројатно нема да остане тренер на Барселона и во следната сезона, а сега полека, но сигурно, станува јасно дека негтов наследник на клупата нема да биде Чави Ернандес. Една од најголемите легенди на Барса го продолжи договорот со Ал Сад за уште две години и останува таму до 2023 година.

Чави нема клаузула дека ако добие понуда од Барселона, може да го раскине договорот со Ал Сад, но Каталонците веруваат дека ако Барса го побара, клубот од Катар ќе му го олесни заминувањето.

Сепак, се шпекулираат две работи: едната е дека Чави мисли оти уште не е подготвен за да ја води Барселона, а другата е дека Чави не сака да се врати бидејќи претседател е Жоан Лапорта и не сака да направи „предавство“ кон неговиот пријател Виктор Фонт кој ако победеше на изборите, ќе го поставеше Чави за тренер.

- Оглас -

Најнови вести