Чави искрен: Не заслуживме да победиме, Сосиедад беше подобар

Барселона ги освои трите бода на гостувањето кај Реал Сосиедад во меч на кој единствениот погодок беше постигнат во 90+2 минута. Роналд Араухо погоди со глава и донесе голема радост за каталонскиот гигант, кој во поголем дел од средбата беше во подредена улога. Дури и тренерот на Барселона, Чави Ернандес призна дека неговиот тим не заслужил да победи.

„Не игравме добро и мора да бидеме самокритични. Не игравме добро и ова не е начин на кој треба да играме. Од друга страна, против Реал Мадрид одигравме многу добро, но загубивме. Денеска ни недостасуваше интензитет. Играчите се уште не беа опоравени од натпреварот против Реал Мадрид. Првите дваесет или дваесет и пет минути се неприфатливи. Не очекував да победиме. Мораме да бидеме самокритични. Сосиедад беше подобар од нас и заслужија повеќе“, рече Чави Ернандес.

Со оваа победа Барселона стигна до 27 бодови и е на третото место на табелата зад лидерот Жирона (31 бодови) и Реал Мадрид кој има 28 бодови и денеска игра против Рајо Ваљекано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести