Чави ја откри вистината за Агуеро: Разговарав со него

Новиот тренер на Барселона, Чави тргна со победа откако во градското дерби неговиот тим го совлада Еспањол со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на средбата беше Мемфис Депај од пенал во 48. минута.

Само неколку часа претходно, низ фудбалската јавност се прошири веста дека Серхио Агуеро поради срцева аритмија мора предвремено да се пензионира.

„Разговарав со Агуеро пред некој ден и не знам ништо за негово заминување во пензија. Таа вест не е точна“ изјави Чави.

Аргентинецот го напушти теренот на средбата против Алавес, минатиот месец со големи болки во градите, при што беше однесен во болница.

- Оглас -

Најнови вести