Чави отпиша тројца, забрането им е да се појават на подготовките

Барселона во понеделник стартува со претсезонските подготовки, а тренерот Чави Ернандес им соопшти на тројца фудбалери дека немаат право да се појават на првиот тимски собир.

Се рабори за дефанзивците Оскар Мингеза и Самуел Умтити, како и играчот за врска Рики Пуиг. Првите двајца не прават проблем околу оваа одлука, за нив има интерес од повеќе клубови од Шпанија и Италија, додека Пуиг сака да остане на „Камп ноу“ и да конкурира за место во тимот.

На самите фудбалери им е оставена обврската да одлучат што ќе прават со нивните кариери. Клубот посакува да го продаде вишокот со цел да собере средства за нови засилувања.

Во меѓувреме се решава случајот со Френки де Јонг, кој е пред трансфер во Манчестер јунајтед. Се очекува заминување и на Жарарт Пике, додека и Мемфис Депај е ставен на трансфер-листа.

- Оглас -

Најнови вести