Чави се подготвува за клупата на Барселона, го освои петтиот трофеј како тренер

Шпанската фудбалска легенда Чави Ернандес, по завршувањето на играчката кариера, почна да работи како тренер, и засега добро му оди, што е препорака за во иднина да стане прв тренер на Барселона во која се прослави како фудбалер. Денеска Чави дојде до петтиот трофеј како тренер, откако неговиот Ал Сад го освои купот на принцот на Катар, со победа од 2-0 во финалето против Ал Духаил.

Чави како тренер работи од мај 2019 година. Двата гола кои му донесоа трофеј на Ал Сад ги даде Алжирецот Багдад Бунежа. Во Ал Сад игра и Шпанецот Санти Казорла.

Освен овој Куп на принцот кој го освои двапати, 41-годишниот Чави како тренер ги освои и суперкупот на шеикот Јасим, Катар старс купот, и купот на Емирот на Катар.

- Оглас -

Најнови вести