Чави со идеја за поинтересен фудбал: Да се игра 10 на 10

Поранешниот капитен на Барселона, Чави Ернандез, има идеја како да го направи фудбалот уште повозбудлив за гледање. Искусниот Шпанец смета дека не треба повеќе да има по 11 играчи од двете екипи, туку да се игра 10 против 10, за да има повеќе простор на теренот за атрактивни акции и голови, а со други зборови кажа дека е и против начинот на игра кој го негува Атлетико Мадрид.

„Сметам дека во иднина треба да се намали бројот на играчи кои се на терен. Да се игра 10 на 10, за фудбалот да биде повозбудлив. Тешко е да се бара простор и да се игра убав фудбал против екипи кои цели 90 минути се бранат. Се собираат пред шеснаесетникот, на пример како Атлетико. Тие под водство на Симеоне тотално го блокираат нивниот гол, и само еден тим се обидува да игра фудбал, додека другиот се обидува само да се одбрани. Фудбалот треба да биде поинтересен од тоа, сепак, на крајот од денот, ние играме за да ги забавуваме навивачите и љубителите на фудбалот“, истакна Чави во интервју за каталонско радио.

- Оглас -

Најнови вести