Чави Ернандес, тренерот на Барселона, изрази незадоволство од судењето на Сото Градо во Ел Класико, на кое стана прв тренер на Барса по повеќе од 100 години кој загубил четири дуели по ред против Реал Мадрид.
„Реков дека се надевам дека судијата ќе остане незабележан. Со играта што ја одигравме, нормална работа е да победиме. Мораме да бидеме горди на тоа како одигравме, особено во второто полувреме. Заслуживме да победиме. Копија на првиот меч. Ако ѝ додадете шест бода на Барса и одземете од Мадрид, состојбата на табелата ќе беше поинаква. Срамота е што немаме гол-технологија, ако сакаме да бидеме најдобра лига во светот, мора да ја унапредиме и да ја имплементираме технологијата. Сега мораме да продолжиме да се бориме за второто место. Му честитам на Реал, има само еден пораз сезонава. Но, моето чувство е дека вечерва имаше максимална неправда“, рече Чави по поразот од 2-3, по кој Барса е на 11 бодови минус во однос на Реал, а останаа уште шест кола до крајот.