Чави тактизира, ја одложи одлуката дали прифаќа да стане тренер на Барса

Иако се очекуваше Чави Ернандес денеска да каже дали ја прифаќа понудата да стане нов тренер на фудбалскиот клуб Барселона, сепак тоа нема да се случи. Чави кој работи во катарски Ал Сад, од каталонците побарал дополнително време за размислување. Сон на некогашниот плејмејкер на Барса е да биде тренер на тој тим, но уште не е сигурен дали веднаш да се нафати, или по завршувањето на сезоната.

Чави имаше два состаноци со луѓе од раководството на Барса, неговата желба е неспорна, се шпекулира дека утре и официјално ќе го наследи Ернесто Валверде, но од друга страна не сака да го остави Ал Сад на цедило. На 17 јануари тимот игра финале на Купот. Чави сака да биде таму со Ал Сад, а истотака и не сака за него да се зборува како за егзекутор на Валверде, за кого има голема почит.

На Чави не му се брза, но многу им брза во Барселона. Иако јавно сите му даваат поддршка на Валверде, се чини дека мали се шансите тој да остане на клупата на шпанскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести