Оваа Лига на шампиони оди во историја, ќе има нешто сосема поинакво

Лигата на шампионите каква што ја познаваме ќе оди во историјата од сезоната 2024/25. Наместо досегашните 32 екипи, ќе има 36 екипи. Ќе се укине натпреварувањето по групи, а на секој клуб ќе му биде гарантирано одигрување на најмалку 10 натпревари, и тоа против 10 различни противници (пет на домашен терен и пет на гостински терен).

По одигрувањето на тие 10 средби, најдобрите осум екипи ќе обезбедат место во осминафиналето, додека клубовите пласирани од деветто до 24-то место ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето. Останатите 12 екипи ќе испаднат од натпреварувањето.

Најавите се дека наместо нокаут-фазата, да биде формиран фајнл фор турнир. Главни заговорници за сите овие промени се претседателот на УЕФА Александер Чеферин и првиот човек на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА) Насер Ал-Келаифи.

 

- Оглас -

Најнови вести