Чеферин во претседателот на ПСЖ најде човек од доверба

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, го замени Андреа Ањели на функцијата прв раководител на ЕКА (Фудбалската асоцијација на клубови), кој отстапи од позицијата по неуспешното формирање на Суперлигата.

Ањели ѝ сврте грб на УЕФА иако беше во управниот одбор на Европската фудбалска федерација, по што Александер Чеферин го нарече змија и човек во кого не може да се има доверба, но може во Ал-Келаифи.

„Ѝ честитам на ЕКА што го одбра Насер за нов претседател на Асоцијацијата. На фудбалот му се потребни добри луѓе како него, а Ал-Келаифи покажа дека работи не само во интерес на својот клуб, туку за целиот спорт. Мило ми е што ќе соработуваме и ќе го водиме клупскиот фудбал кон подобри времиња. Тој е човек кому можам да му верувам“, посочи претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести