Чеферин за трагедијата во Атина: Не може да го казниме Динамо поради банда на криминалци и идиоти

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин објасни зошто Динамо Загреб не беше казнет во инцидентот и трагедијата која се случи во Атина, пред одигрување на дуелот меѓу АЕК и Динамо.

„Во оваа конкретна ситуација се случи трагедија, но во Динамо воопшто не ни знаеле дека оваа група на навивачи заминала за Атина. Тоа се криминалци и идиоти кои се организирале и пристигнале во Атина дури два дена пред да се игра средбата, а потоа го направија тоа што се случи. Би било ли праведно да се казни клубот и 99,9 отсто вистински навивачи поради неколку идиоти кои сега се во затвор? Како можеле во Динамо да знаат дека некои хулигани и криминални се организирале два дена пред средбата решиле со изнајмени комбиња да отпатуваат во Атина?“, вели Чеферин.

Повеќе од 100 навивачи на Динамо беа уапсени во Атина откако направија големи нереди во кои беше убиен еден симпатизер на АЕК.

- Оглас -

Најнови вести