Чекај ме, заедно одиме во Мадрид

Манчестер јунајтед и Челзи вчера ремизираа со 1-1 во мечот кој требаше да одлучи кој ќе биде четвртиот тим од Англија кој ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона. Конечниот резултат не ги задоволи двете екипи, трката за топ 4 останува неизвесна и сè ќе се решава во последното коло.

Во текот на мечот, камерите „уловија“ интерсен момент во кој главни актери се Пол Погба и Еден Азар. Ѕвездите на двете екипи, кои воедно се мети на Реал Мадрид, разменија по неколку збора.

„Подготви ги куферите, заедно одиме за Мадрид“, како на шега беше протолкуван разговорот меѓу Французинот и Белгиецот, а како што се наближува крајот на сезоната, сè поизвесно е дека и Азар и Погба од ова лето ќе бидат нови „галактикоси“.

- Оглас -

Најнови вести