Чекаме нов баскет балон – Македонија ќе игра со Италија и Естонија во февруари

Македонија не одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во Талин, поради корона-вирус на неколку наши кошаркари, па најавено е дека против Италија и Естонија ќе играме во февруари, идната година.

Патувањето до Талин беше без посакуваниот ефект, поради позитивни тестови на неколку членови на нашата кошаркарска експедиција одложени се двата квалификациски дуели, па ќе се играат во нов термин.

Со Италија требаше да играме вчера во балонот во Талин, а одложен е и дуелот со домаќинот Естонија што требаше да се игра утре.

Засега имаме одиграно два натпревари во нашата квалификациска група за настап на Европското првенство 2022 година и ги загубивме и двата.

Главен конкурент за пат на континенталниот шампионат ќе ни биде Естонија, репрезентација што не победи во Скопје со 81:72, па во февруари ќе ни треба победа со двоцифрена разлика против нив за да се вратиме во игра за настап на ЕП за две години.

 

- Оглас -

Најнови вести