Чеканите го имаат најдобриот пост-корона стрелец во Премиер лигата (видео)

Вест хем го спушти Лестер на земја со победата од убедливи 3-1 на „Кин пауер“ стадионот. Лисиците по големото изненадување од 5-2 на гостувањето кај Манчестер сити, претрпеа потоп на свој терен и при тоа не запишаа ниту еден шут во рамките од голот на Фабијански.

Катастрофалното издание на тимот на Брендан Роџерс резултираше со прекин на низата од три победи, а Вест хем во овој меч го доби најдобриот пост-корона стрелец во Премиер лигата во Микел Антонио.

Офанзивецот на Чеканите го реализира 10-тиот лигашки гол откако фудбалот во Англија се врати на програмата, ако се смета неговиот учинок од минатата сезона. Антонио за 1-0 во корист на гостите стрелаше во 14-тата минута, а точно 20 минути подоцна Вест хем поведе и со 2-0 преку Форналс.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1312713240552574977

Конечниот резултат го постави Боуен во 83-тата минута, па така Вест хем нанижа две победи без примен гол со учинок од седум гола.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1312718245070282757

Саутхемптон славеше со 2-0 против ВБА.

- Оглас -

Најнови вести