Чеканите го нокаутираа Челзи во лондонското дерби (Видео)

Челзи доживеа непријатен пораз во малото лондонско дерби од Вест хем, а на фаворитот не му помогна ниту расположениот Вилијан, кој играше речиси сам во нападот на гостите. Бразилецот постигна два гола, но не успеа да ги покрие големите слабости во одбраната на Челзи, па Вест хем победи со 3:2.

Финишот на првото полувреме беше исклучително возбудлив, а во главната улога беше Томас Соучек. Чешкиот репрезентативец постигна гол, но му беше поништен поради офсајд, потврден по проверка со ВАР-системот.

Потоа Вилијан беше прецизен од пенал за предност на гостите од 1:0.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278417676562575360?s=20

Но, чешкиот репрезентативец не се предаде и погоди во последните мигови од првиот дел за 1:1.

 

https://twitter.com/LarryNartey/status/1278419920158588941?s=20

Вест хем направи комплетен пресврт во 51. минута со голот на Антонио, но повторно Вилијан постигна гол и тоа мајсторски од слободен удар за ново израмнување.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1278429869400088576?s=20

Сепак изненадување се случи во финишот, во 90. минута, кога од одличен контранапад Јармоленко погоди за победа на домаќините од 3:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести