Френк Лампард својата професионална играчка кариера ја започна во Вест Хем, а денеска тој како тренер на Евертон, загуби од Вест Хем и тој пораз веројатно ќе значи крај на неговиот престој во клубот од Ливерпул.
Пред мечот се најавуваше дека ако загуби Евертон кој сега е претпоследен на табелата во Премиер лигата, Лампард ќе биде сменет, па сега останува дилемата само дали отказот ќе го добие уште вечерва, или утре.
По водството од 2-0, фановите на Вест Хем покажуваа накај 44-годишниот Лампард и пееја песна со интересен текст: „Ќе бидеш избркан утре изутрина!“.
Лампард веројатно заврши со Евертон, но некои аналитичари се сомневаат дека нов тренер може да ја смени ситуацијата на подобро.
Ова е голот на Боуен за 2-0, со кој се најави триумфот на Чеканите:
https://twitter.com/i/status/1616825149679976451