Чеканите немаа чаре за ѓонот на Вилсон и за голчиштето на Хендрик (Видео)

Њукасл ги погоди двете летни засилувања, Калум Вилсон и Џеф Хендрик, барем според впечатокот што стрелците на головите во победата од 2:0 против Вест Хем го оставија на мечот во Лондон.

Калум Вилсон со интересен погодок, што беше на работ на регуларноста му донесе предност на Њукасл од 1:0 во 56. минута, а му асистираше токму Хендрик.

Со удар со ѓон Вилсон беше за влакно побрз од голманот Лукаш Фабијански и ја протна топката во домашната мрежа.

За Калум ова беше деби-гол во дресот на новиот клуб, откако летово се пресели во Њукасл од редовите на Борнмут.

Со погодок и тоа многу атрактивен печат на одличното деби за Њукасл стави и Хендрик во 87. минута. Доскорешниот играч на Барнли погоди со силен удар од десеттина метри, а повторно немоќен беше Фабијански.

- Оглас -

Најнови вести