Чеканите подготвуваат силен удар, со 100 милиони фунти ќе купат тројца млади играчи на возраст до 23 години (Фото)

Вест Хем има план да купи тројца млади фудбалери на возраст до 23 години, кои се перспективни, а веќе играат одлично и тоа би ги чинело вкупно 100 милиони фунти.

Популарните Чекани имаат големи амбиции во Премиерлигата, а како засилувања ги меркаат двајцата 20-годишници, Армандо Броја, кој е член на Челзи и Амаду Онана од Лил и нешто повозрасниот италијански репрезентативец, Џанлука Скамака, кој има 23 години и е член на Сасуоло.

https://twitter.com/talkSPORT/status/1548203349706547203?s=20&t=Nz5K6Ce-oyr_pryR5SE5ng

Сите тројца фудбалери што Вест Хем сака да ги купи се и репрезентативци, а најмногу настапи има Броја, 14 за Албанија.

Скамака играше 7 пати за Италија, а Онана има одиграно еден натпревар за Белгија и се надева дека ќе патува со Црвените ѓаволи на Мундијалот во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести