Чеканите се на потег – Лондон чека хет-трик на премиерата во Премиер лигата

Арсенал го доби градското дерби со Фулам и славеше убедливо со 3:0 на стартот од новата сезона во Премиер лигата, а успехот на екипите од главниот град на Англија го продолжи и Кристал палас со триумф од 1:0 против Саутемптон, па сега останува уште Вест Хем да биде подобар од Њукасл за одличен почеток на премиерлигашите од Лондон.

Лаказет, Габриел и Обамејанг со по еден погодок му донесоа рутинска победа на Арсенал против новиот премиерлигаш, а Вилфред Заха со победнички гол против Саутемптон се погрижи за триумф и на Кристал Палас во првото коло од новата сезона.

Вечерва од 21 часот ќе игра уште една екипа од Лондон, Вест Хем против Њукасл и можен е и хет-трик за екипите од главниот град на Англија во премиерниот ден од Премиер лигата, нешто што не се случило оддамна во најсилната лига на Англија.

Според коефициентите во Sport Life реално е и Вест Хем да тргне победнички во новата сезона. Коефициентот за единица е 1.95, ако биде нерешено валиден е коефициентот од 3.50, а квотата на победа на Њукасл е 3.80.

 

- Оглас -

Најнови вести