Челичниот Баскиец од посебен ков утре ќе израмни неверојатен рекорд на легендарниот „Алфредо ди Стефано“

Ињаки Вилијамс е челичниот Баксиец од Билбао од посебен ков и утре против Уеска ќе го израмни рекордот на легендарниот Алфредо ди Стефано со 171 настап во континуитет за Атлетик.

Црномурниот репрезентативец на Шпанија нема пропуштено ниту еден меч од април 2016 година, кога на „Сан Мамеш“ влезе како резерва и го замени Икер Мунијаин против Атлетико Мадрид.

Оттогаш во низа има 170 настапи за Атлетик Билбао, а интересно, последниот му беше токму на стадионот „Алфредо ди Стефано“ против Реал Мадрид.

Утре со 171 меч во низа против Уеска од 21 часот, Вилијамс ќе се израмни токму со Ди Стефано по бројот на мечеви одиграни во континуитет.

Легендата на Реал Мадрид имаше супер авантура од 1953 до 1959, кога без прекин играше на 171 натпревар за Кралскиот клуб.

Сега има наследник во челичниот Баскиец, а Вилијамс, кој има 26 години, може да биде на врвот на вечната листа со настапи во низа ако игра против Уеска утре и потоа со Вилјареал на 22 декември на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести