Челниците на Реал се во Дортмунд, на повидок историски трансфер

Раководството на Реал Мадрид од денес, па во следните неколку денови ќе престојува во Германија, односно во Дортмунд, каде што ќе се водат преговорите за потписот на Џуд Белингам. Младиот Англичанец е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, а Реал Мадрид сака да формира среден ред на иднината во кој освен Белингам, ќе бидат и Камавинга и Чуамени.

Белингам е проценет на 120 милиони евра, но Реал Мадрид е подготвен да плати и многу повеќе и овој тренасфер ќе изнесува дури 150 милиони евра. Интерес за фудбалерот на Борусија Дортмунд има и од Ливерпул, но во моментов Кралскиот клуб е најреална опција со оглед на високата цена на Белингам.

- Оглас -

Најнови вести