Челзи две години го нема победено Манчестер, но ова е посебен меч

Манчестер јунајтед или Челзи? Кој ќе биде противникот на Арсенал во големото финале на ФА Купот ќе се знае вечерва. Топчиите синоќа направија изненадување и со 2:0 го елиминираа Манчестер сити, покажувајќи дека традицијата во ова натпреварување е многу важна. За Арсенал тоа ќе биде рекордно 21-во финале во ФА Купот, а тие се и рекордери со 13 трофеи.

Ако се гледа моменталната форма, но и традицијата, Манчестер јунајтед ја има улогата на фаворит. Црвените ѓаволи играат одлично и дури 19 меча немаат пораз во сите натпреварувања (15 победи и четири нерешени). Манчестер последен пат загуби на 22 јануари, што значи дека повеќе од половина година не знае за пораз (вклучувајќи ја и паузата поради Коронавирусот).

Во меѓусебните дуели, Оле Гунар Солскјер како да го најде лекот за Челзи. Манчестер победи на четири од последните пет меча со лондонскиот ривал. Челзи се нема радувано на триумф над Манчестер уште од мај 2018 година. И искуството на играчите е на страната на Црвените ѓаволи, кои посебно добија самодоверба откако на „Олд Трафорд“ го донесоа Бруно Фернандеш. Португалецот покажа колку може да значи еден фудбалер во тимот.

За Манчестер ова ќе биде 30-то полуфинале, а ако победи, ќе се израмни со Арсенал со по 21 учество во мечот за титула. Челзи е најуспешниот тим во 21 век во ФА Купот и има победено на 12 од последните 15 учества во полуфиналето.

Кога играат Манчестер јунајтед и Челзи секогаш е интересно и неизвесно, а вие во Sport Life може да ја одберете вашата добитна прогноза.

Можни состави на двата тима:

 

- Оглас -

Најнови вести