Челзи е сигурен дека ќе го купи Стерлинг за иста сума што Арсенал ја договори со шампионот за Жезус

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели одобри 200 милиони фунти за летниот фудбалски пазар, а Сините од Стефморд Бриџ се убедени дека Рахим Стерлинг ќе биде големото засилување и тоа за сума од 45 милиони фунти.

Толку Манчестер сити доби од Арсенал за Габриел Жезус, а првично за Стерлинг бараше повеќе, односно 60 милиони фунти.

Сепак во Челзи се надеваат дека шампионот ќе им ја прифати понудата од 45 милиони фунти и дека англискиот репрезентативец од идната сезона ќе игра во клубот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести