Челзи ги нуди Стерлинг и Чилвел во замена за Џејдон Санчо

Најновата вест од Англија вели дека Челзи тргнува по Џејдон Санчо. „Скај спортс“ открива дека Челзи е подготвен да понуди двајца играчи кои не се во плановите на Енцо Мареска, а во замена да го добие Санчо. Тоа се Рахим Стерлинг и Бен Чилвел.

Енцо Мареска јавно објави дека не му е потребен Рахим Стерлинг, но тој секако може да му биде од голема помош на Манчестер јунајтед. Бен Чилвел исто така би можело да му биде одлична конкуренција на Лук Шоу, а посебно што англискиот репрезентативец често се повредува.

Засега нема одговор од Манчестер јунајтед дали ќе ја прифати понудата од „Стемфорд бриџ“. Раководството на Црвените ѓаволи ја одби понудата од Јувентус за позајмица со право на откуп затоа што сакаат да го продадат Џејдон Санчо ова лето.

И Санчо сака да замине и впечаток е дека со задоволство би се преселил во Челзи бидејќи би останал во Премиер лигата и би имал шанса да им се „одмазди“ на Манчестер јунајтед и на Ерик тен Хаг.

Дали на крајот од преодниот рок ќе се случи спектакуларна размена на релација Лондон – Манчестер?!

- Оглас -

Најнови вести