Челзи го официјализира Фофана, следно е хрватското чудо кој ќе биде најскап дефанзивец (ФОТО)

Весли Фофана и официјално е претставен како нов играч на Челзи. Досегашниот член на Лестер дојде во тимот од Лондон, а Лисиците добија обесштетување од 80 милиони евра.

Фофана, којшто има 22 години, долго време беше трансфер-цел на сините, а со тоа продолжува и подмладувањето на дефанзивата на Челзи. Ставен е параф на шестгодишен договор, а Фофана се наоѓа во САД, каде што ги извршува медицинските прегледи.

Нова аквизиција на Челзи ќе биде Јошко Гвардиол, хрватскиот стопер којшто е роден 2002 година, а двократниот освојувач на Лигата на шампионите ќе му исплати 95 милиони евра на РБ Лајпциг, за кого во моментов настапува Гвардиол.

Тој ќе остане во редовите на Лајпциг и во оваа сезона, а во Лондон ќе дојде по завршувањето на сезоната.

Гвардиол ќе биде најскапоплатен дефанзивец во историјата на фудбалот, а со тоа ќе го надмине трансферот на Хари Мегваер од 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести