Челзи го понижи Норич и постави рекорд во Премиер лигата

Челзи немаше милост и убедливо со 7:0 го победи Норич во меч од деветото коло во Премиер лигата. За актуелниот лидер во англиското првенство ова е седмата победа сезонава и има 22 од можните 27 бодови досега.

Уште од самиот почеток беше јасно дека ќе има гол-шоу на „Стемфорд Бриџ“. Мејсон Моунт погоди за 1:0 во 8 минута, с до крајот од првото полувреме беше 3:0 за фаворитот. Чилвел зголеми на 4:0 во вториот дел, а потоа Аронс си даде автогол. Во финишот на средбата, Моунт даде уште два гола, за да комплетира хет-трик.

Моунт е 20-тиот различен играч на Челзи што постигнува хет-трик и само Арсенал со 21 фудбалер е пред Сините во оваа категорија во Премиер лигата.

За Челзи ова е 18 пат да постигнува шест или повеќе погодоци на дуел во Премиер лигата, што е апсолутен рекорд. Ниту еден друг клуб во историјата на Премиер лигата нема 18 дуели на кои постигнал шест плус погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести