Челзи го растури Лестер, Канте даде супер гол (Видео)

Челзи се зацврсти на чело на табелата во Премиер лигата, откако убедливо со 3:0 славеше на гости кај Лестер, во првиот меч од 12. коло. Лондонскиот тим доминираше на теренот и уште во првите 30 минути покажа дека бодовите ќе бидат за гостите.

Рудигер погоди за 1:0 во 14 минута, а веќе во 28 минута беше 2:0 за гостите. Канте доби топка на средината на теренот, направи одличен соло продор и со прекрасен шут ја затресе мрежата на противникот.

Сите дилеми околу победникот ги реши Пулишиќ со погодокот во 71 минута. Челзи сега има 29 бодови од 12 меча, пред Манчестер сити кој има 23 бодови од 11 средби, исто колку што има и трениот Вест хем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести