Челзи и Атлетико Мадрид конечно се договорија, ќе се насмеат и Жоао Феликс и Конор Галагер

Челзи и Атлетико Мадрид конечно постигнаа договор за два од очекуваните трансфери во последните денови. Португалецот Жоао Феликс во следните часови треба да отпатува за Англија, каде што ќе ги мине медицинските прегледи и ќе го потпише својот договор до летото 2030 година.

Во исто време, минатогодишниот капитен на лондончани, Конор Галагер, ќе се упати кон шпанската престолнина, каде што и тој треба да ги мине прегледите и да го потпише својот договор со Атлетико.


Интересно е што Галагер веќе беше во Мадрид, каде што помина неколку дена во очекување на зелено светло од „Стемфорд бриџ“, дека сè е договорено и дека може да ги заврши последните чекори од трансферот, но на крајот беше повикан назад во Англија.

Атлетико Мадрид ќе плати 42 милиони евра, кои на Англичаните им се потребни за да ги балансираат своите сметки поврзани со финансискиот ферплеј.

- Оглас -

Најнови вести