Челзи ќе го прати на позајмица најлошиот голман во историјата на Премиер лигата

Челзи ќе го испрати Кепа Аризабалага на позајмица во друг клуб и ќе се обиде да ангажира 37-годишен ветеран од клуб што испадна од Премиер лигата, како негова замена.

Бен Фостер, кој бранеше за Ватфорд е на радарот на раководството на сините од „Стемфорд Бриџ“, откако е очигледно дека Френк Лампард го загуби трпението со Кепа.

Најскапиот голман во историјата на Премиер лигата за чудо и на сензационален начин стана и најлошиот чувар на мрежата во конкуренција на 730 голмани што бранеле во ова натпреварување во Англија.

Кепа има најлош процент од сите голмани што биле на терените во најсилната англиска лига и прима голови во 55 посто од упатените удари кон голот на Челзи.

Пред две години Челзи му плати рекордни за голман 80 милиони евра на Атлетик Билбао за тогаш 23-годишниот Кепа Аризабалага.

Сега две сезони подоцна речиси сигурно ќе оди на позајмица, а се најавува негов кам-бек во клуб од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести