Челзи ќе понуди 300 милиони и најголема плата на светот за Нејмар

Лесно може да се случи Нејмар во следната сезона да настапува во Премиер лигата, и тоа во дресот на лондонски Челзи. Се појавија гласини дека клубот е подготвен да плати 300 милиони евра за Нејмар и да му дава плата од 42 милиони евра годишно, со што би го направиле најплатен фудбалер на планетата.

Челзи има забрана за трансфери и одвај чекаат таа забрана за купување играчи да заврши, па како во најславните денови на Роман Абрамович, да „истурат“ еден куп пари за доведување играч кој сакаат да го имаат по секоја цена.

Ова лето интерес за Нејмар имаше од Барселона, па и од Реал Мадрид и Јувентус, но во ПСЖ не добија понуда која ги задоволува нивните вкусови. Парижани за Нејмар платија 222 милиони, па не сакаат да го продадат за помалку од тоа.

Познато е дека Нејмар е вљубен во Лондон, му се допаѓа ноќниот живот во британската престолнина, уште и ако стане најбогат фудбалер на светот според платата, сензационалниот трансфер навистина би можел да се реализира.

- Оглас -

Најнови вести