Челзи конечно добива нов газда, кој е тој?

Конзорциумот на Тод Бели ќе биде новиот сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, откако Рајне Група ја прифати понудата, пренесува ББЦ.

Во изминативе 20 години Челзи беше во сопственост на Роман Абрамович, но рускиот магнат беше принуден да го продаде клубот поради неговите врски што ги има со рускиот претседател Владимир Путин. Русија повеќе од два месеци е во војна со Украина откако Путин нареди офанзива во соседната земја, што наиде на многубројни санкции во светот.

Бели е американски тајкун, кој веќе има големи вложувања во спортот. Тој е сопственик на американскиот бејзбол клуб Лос Анџелес Доџерс, а газда е и на прославениот НБА клуб Лос Анџелес лејкерс.

Њујоршката банка Рајне Груп утрово одлучила дека токму Бели е најдобриот избор за нов газда на Челзи, па наскоро се очекува тоа да стане и официјално.

- Оглас -

Најнови вести