Челзи мисли на иднината, плати 20 милиони евра за дете-чудо

Еквадорскиот талент Кендри Паес кој има само 16 години, прави трансфер во англискиот премиерлигаш Челзи. Лондонскиот тим плати 20 милиони евра за тинејџерот за кого се предвидува дека ќе биде голема фудбалска ѕвезда.

Фудбалерот на Индепендиенте Дел Вале го најавуваат и како потенцијален освојувач на Златната топка во иднина. Тој дебитираше во првенството на Еквадор и тоа со само 15 години, со што стана најмлад фудбалер кој заиграл во првата лига.

Паес има и еден настап во Либертадорес Купот, а веќе заигра и за селекцијата на Еквадор до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести