Челзи најде замена за Рудигер, а тоа е најдобриот млад дефанзивец на Балканот

Антонио Рудигер и дефинитивно од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, што значи дека одбраната на Челзи ќе биде ослабена. Лондонскиот тим започна со потрага за замена на Рудигер и според најновите информации, на „Стемфорд Бриџ“ треба да пристигне најдобриот млад дефанзивец од Балканот, а тоа е Јошко Гвардиол.

Хрватскиот репрезентативец кој има само 20 години, сезонава го носи дресот на Лајпциг и одигра 43 меча во сите натпреварувања, покажувајќи ја својата сигурност во одбраната.

Гвардиол е дете од школата на Динамо Загреб, каде воодушеви со своите игри, па Лајпциг не жалеше пари и за 25 милиони евра го доведе во своите редови. Сега може лесно да се случи Гвардиол повторно да прави трансфер ова лето и Челзи да биде неговиот следен клуб.

- Оглас -

Најнови вести