Челзи не му дава на Ливерпул да преноќи на позиција која води во ЛШ

Челзи без многу проблеми со 4:1 го победи Кристал Палас на гости и со трите освоени бода се врати на четвртото место на табелата во Премиер лигата. Уште во почетните 10 минути од мечот беше најавено дека ова ќе биде неинтересен дуел, кога Челзи преку Хаверц и Пулишиќ стигна до 2:0.

Веќе во 30 минута беше 3:0 за Челзи, а стрелец на голот беше Зума. Во второто полувреме Бентеке даде почесен погодок за Кристал Палас, а Пулишиќ со вториот гол на мечот ги постигна конечните 4:1 за гостите.

По 31 коло, Челзи има 54 бода, прескокнувајќи го Ливерпул кој е петти со 52 бода. Вести хем утре игра дерби против Лестер, а Чеканите со евентуални три бода ќе стигне до четвртото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести