Челзи плати 100 милиони евра и донесе германски репрезентативец на „Стемфорд Бриџ“

Тоа што се најавуваше во изминатиов период, вечерва се реализираше. Челзи потпиша договор со Кај Хаверц кој досега настапуваше за Баер Леверкузен.

Младиот 21-годишен германски репрезентативец го стави потписот на петгодишен договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“.

„Среќен сум и горд што сум тука. Ми се оствари сонот и потпишав за голем клуб како што е Челзи. Со нетрпение чекам да ги запознам сите во екипата“, рече Хаверц при потпишувањето на договорот.

Според најавите, Челзи за доведување на играчот за врска, на Баер Леверкузен ќе му исплати околу 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести