Челзи по 19 години остана без претседател

Челзи и Брус Бак се разделија по 19 години соработка, потврди клубот преку официјално соопштение.

Американецот беше претседател на лондонскиот гигант од моментот кога Роман Абрамович ги купи Сините во 2003 година. Под негово раководење, машкиот тим на Челзи освои 18 трофеи, додека женскиот тим исто така беше успешен со 12 трофеи.

Промените на врвот на раководството доаѓаат набрзо по смената на сопствениците на клубот, односно откако Тод Боели го откупи Челзи од Абрамович пред еден месец. Исто така се очекува и заминување на спортската директорка, Марина Грановскаја, која беше голем фактор во остварувањето трансфери на Сините.

Засега таа функција ја пополнува техничкиот директор Петр Чех, додека новиот сопственик му даде слобода на тренерот Томас Тухел да одлучува околу новите засилувања за овој трансфер период.

- Оглас -

Најнови вести