Челзи се исплаши од легендата за Брамал Лејн (Видео)

Шефилд јунајтед го декласира Челзи со 3:0 и остана во игра за пласман во Европа Лигата, а ги оддалечи гостите од Лигата на шампионите.

Првото гостување по 14 години на Челзи на легендарниот „Брамал Лејн“ беше апсолутно неуспешно. Стадионот на Шефилд јунајтед е најстариот во Англија и таму се игра фудбал од 1855 година, а гостите како да беа премногу импресионирани, и иако беа фаворити не прикажаа речиси ништо.

https://twitter.com/PL_GOALS_/status/1281994521375580163?s=20

Дејвид Мек Голдрик ги постигна првите два гола во Премиерлигата во својата кариера, а му се приклучи и Оливер Мек Брни со погодок во 33. минута.

https://twitter.com/PL_GOALS_/status/1281998701490253825?s=20

Шефилд јунајтед е во серија од 4 меча без пораз и има шанси за настап во Европа Лигата. Сега се на шестото место со 54 бода, а имаат уште три натпревари до крајот на сезоната.

https://twitter.com/PL_GOALS_/status/1282013839400337408?s=20

Челзи е на третото место со 60 бода и со поразот денеска си го загрози учеството во Лигата на шампионите. Зад нив се Лестер со 59 и Манчестер јунајтед со 58 бода и ако тие две екипи победат во 35. коло ќе го престигнат Челзи и ќе го исфрлат од зоната што гарантира настап во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести