Челзи си одржа лесен тренинг против Ватфорд (Видео)

Оливие Жиру и Вилијан со голови во првото полувреме лесно ги разрешија сите дилеми, ако воопшто и ги имаше на мечот меѓу Челзи и Ватфорд.

Мечот од 33. коло во Премиерлигата мина во апсолутна доминација на фаворитот, а победата беше извесна по првиот дел.

Жиру во 28. минута со мудар потег го надмудри Фостер и му донесе предност на Челзи, а потоа во самиот финиш на првото полувреме Капуе го фаулираше Пулишиќ во гостинскиот шеснаесетник, па беше досуден пенал за домаќинот.

https://twitter.com/Chelsea_ENG_/status/1279498106338521090?s=20

Вилијан беше сигурен во 44. минута и рутински го совлада Фостер, а Челзи ги освои бодовите за задржување на четвртото место на табелата последно што води во Лигата на шампионите.

Рос Баркли во последните моменти од мечот постигна уште еден гол за фаворитот, за убедлива победа од 3:0.

Сините од „Стемфорд Бриџ“ имаат 57 бода на пет кола до крајој и ја задржаа дистанцата од два бода во однос на најсериозниот конкурент за четвртото место, Манчестер јунајтед.

Ватфорд со 28 бода е на 17 место, последно кое обезбедува опстанок во Премиерлигата, но имаат меч повеќе и бод повеќе од Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести