Челзи со 120 милиони евра тропна на вратата на Барселона

Забраната за купување играчи во претходниот летен преоден рок му овозможи на Челзи да си дозволи голем буџет за следното отворање на трансфер-прозорецот. Менаџерот Френк Лампард сака да доведе фудбалер од светски рамки откако Сините останаа без Еден Азар, а прв избор му е Филипе Кутињо од Барселона, кој моментално е на позајмица во Баерн Минхен.

Челзи наводно е подготвен да плати 120 милиони евра за Бразилецот, но во пакет да ги добие услугите на младиот бек Марк Кукурела, кој оваа сезона е позајмен на Хетафе. Од претходно Баварците потврдија дека нема да ја активираат клаузулата за Кутињо од 120 милиони евра, но Барса сака да се ослободи од него поради големата плата од 12 милиони евра годишно.

Иако Кике Сетјен планира да му даде нова шанса на Кутињо, управата ќе сака да го продаде бидејќи планира да инвестира во враќање на Нејмар. Што се однесува за Кутињо, ова му е шанса да се врати во Премиер лигата откако го напушти Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести