Челзи со Тухел е опасен тим, победија во меч без картони

Челзи извојува победа од 2-0 против Њукасл во еден чист натпревар, на кој судијата Питер Бенкс не додели ниту еден жолт картон, што е вистинска реткост.

Со оваа победа, Сините се искачија на четвртото место на табелата во Премиер лигата, го симнаа Вест хем на петто, а Ливерпул дури на шесто место. Откако Томас Тухел стана тренер на Челзи, тимот на 6 меча има пет победи и гол-разлика 8-1. Тухел вечерва имаше многу причини за задоволство бидејќи на голот одличен беше Кепа Аризабалага, кој немаше брането одамна, а по пауза од 100 дена, гол даде Тимо Вернер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести