Тијаго Силва имал разговор со сонародникот Нејмар и го убедувал да му се придружи во Челзи, а бразилското друштво кај Сините од Лондон најверојатно ќе биде проширено и со Рафиња.
Според некои најави, од Лидс ја прифатиле понудата на Челзи од 60 милиони фунти за Рафиња и тој би требало да го облече синиот дрес.
Томас Тухел сака повторно да му биде тренер на Нејмар како во ПСЖ и доколку Бразилецот си замине од ПСЖ, што е желба и на клубот, Челзи се наметнува како главен фаворит за негов потпис или да го добие на позајмица.