Червар го повика Јагањац за дуелот против Ангола

Селекторот на Хрватска Лино Червар, направи една измена во составот во пресрет на денешниот дуел против Ангола. На местото од Марин Шипиќ повикан е младиот Халил Јагањац, ексракометарот на Металург.

Од вчера е познато дека Лука Циндриќ го заврши настапот на ракометниот Мундијал поради повредата со која се здоби во дуелот против Јапонија, па неговото место го пополни Јанко Кевиќ.

„Измената со Јагањац ја направив бидејќи забележав дека одбраната не делуваше како што треба во првиот натпревар. Морав да посегнам по играч кој ќе одговори на дефанзивните задачи, а воедно е квалитетен и во нападот“, посочи Червар.

Дуелот Ангола – Хрватска е предвиден да се одигра денес во 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести