Червар: Не е фер кон Лазаров да се бара од него да ја помине групата

Легендарниот хрватски тренер, Лино Червар, смета дека не е фер од јавноста да бара од селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, на ЕП да ја помине групата во која се уште и Швајцарија, Германија и првиот противник Франција.

„Македонија е во тешка група со Франција и Германија. Би било некоректно кон Кирил Лазаров да се бара од него да ја помине групата. Македонија евентуално може да ја победи Швајцарија. Можеби ќе зборуваат дека може да се направи такво нешто, но…“, изјави Червар во интервју за „Лоб спорт“.

- Оглас -

Најнови вести