Чешка се откажа: Македонија ќе игра на ракометното СП во Египет!

Ракометната репрезентација на Македонија ќе патува за Египет, каде што ќе настапи на Светското првенство, кое почнува утре. До последен момент се чекаше вајлд-картата, откако репрезентацијата на Чешка го откажа својот настап поради тоа што корона-вирусот завладеа во нивните редови.

Чесите немаа друг избор освен да се повлечат, што значи дека Македонија како прва резерва ќе го пополни местото во групата Г, каде што за противници ќе бидат селекциите на домаќинот Египет, Шведска и Чиле.

- Оглас -

Најнови вести