Четири спортови конкурираат за нови дисциплини на ОИ 2024

Брејк денс, искачување, сурфање на бранови и скејтбординг се четирите спортови кои конкурираат да бидат земени предвид како дисциплини во кои може да се освои медал на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз, 2024 година.

Доколку се усвои овој предлог, овие четири спортови ќе се додадат на веќе 28 други дисциплини кои го сочинуваат планетарниот спортски собир, а конечна одлука ќе се донесе во декември следната година.

Овој предлог е од страна на организаторите од Париз, новитет е брејк денсот, останатите три спортови беа предложени и за ОИ во Токио 2020. Брејк денс е акробатски танц кој потекнува од хип-хоп музичката култура, а за да се совлада овој танц, потребно е атлетско и пред сè подвижно тело, но и чувство за ритам. Оваа дисциплина веќе се појави на Олимписки игри, но на јуниорските кои лани се одржаа во Буенос Аирес. Натпреварувањето се одржуваше во форма на битка меѓу двајца учесници, а победникот го одлучува судиска комисија.

За предвидените ОИ кои следната година ќе се одржат во Токио како боречка дисциплина ќе дебитира каратето.

- Оглас -

Најнови вести