Четврток не е ден во кој Барселона сака да игра, но се борат за трофеј кој му фали на Чави

Чави Ернандес е човек кој освои многу значајни трофеи во кариерата, речиси и да нема пехар кој не го кренал, но во пребогатата колекција му недостасува победа во Лигата на Европа.

Ова е второкласно натпреварување во Европа, за Барселона е своевидно понижување што игра таму, но Чави, кој сега е тренер на Каталонците, си најде мотив и сака да го освои ова натпреварување.

На познатата изјава на Иван Ракитиќ, кој му кажа на Лионел Меси: „Јас имам трофеј кој ти никогаш нема да го освоиш“, се смееја фановите на Барса кои не веруваа дека некогаш ќе испаднат од Лигата на шампионите, а реалноста е таква што клубот навистина игра во Лигата ан Европа и може да го освои трофејот, но без Меси во составот.

Барселона е голем фаворит вечерва против Ајнтрахт, треба дома да го завери пласманот во полуфиналето, многу обложувачи чекаат „кец“ на „Камп ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести