Чикаго ги скроти „пингвините“

Чикаго блекхокс славеше на гостувањето кај Питсбург со 5:3 од НХЛ лигата, прекинувајќи ја серијата на Пингвинс од осум победи едноподруго.

Хокеарите од Чикаго во последната третина дадоа два гола, а не примија ниту еден, што се покажа како доволно за триумф. „Црните јастреби“ се вистински „пеницилин“ за „пингвините“. Тие имаат серија од 10 победи по ред во меѓусебните дуели, по пет во Чикаго и Питсбург. Пингвинс не победил против Блекхокс уште од март 2014 година.

Вашингтон капиталс на дуелот во Детроит најде начин како да ја запре серијата од три порази по ред. Капиталс има девет победи во последните 11 дуели со Ред Вингс. Едмонтон доминираше во Анахајм за прв „шут-аут“ на голманот Кем Талбот сезонава, а 20-ти во кариерата. Талбот со 39 одбрани успеа да ја заќчува својата мрежа.

Вегас губеше од Њу Џерси девилс со 0-2, но со пресврт дојде до 17-тата победа од 21 ноември наваму. Во последната третина немаше голови, па како решавачки се покажа погодокот на Макс Пасиорети, кој во последните 48 часа се врати после пауза од седум меча и реши два меча, а притоа стана и татко.

РЕЗУЛТАТИ: Отава – Каролина 4:5, Аризона – Њујорк ренџерс 5:0, Вегас – Њу Џерси 3:2, Детроит – Вашингтон 2:3, Винипег – Далас 5:1, Анахајм – Едмонтон 0:4, Питсбург – Чикаго 3:5.

- Оглас -

Најнови вести