Чикаго ќе биде без најдобриот кошаркар против Милвоки во мечот за спас

Зак Левињ ќе мора седум дена да биде во изолација поради тоа што имал контакт со заразена личност со вирусот ковид-19.

Најдобриот кошаркар на Чикаго булс нема да може да им помогне на своите соиграчи против Милвоки бакс во петтиот, кој може да биде и одлучувачки меч бидејќи неговиот тим има негатива од 3:1 во првата плејоф-серија.

Милвоки бакс, кој ја брани титулата во НБА-шампионатот, и онака, предводен од Јанис Адетокумбо важи за фаворит пред своите навивачи во мечот којшто се игра утревечер, од 01:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести